Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Екологистите бараат измени во Законот за инспекциски надзор во животната средина и високи казни за големите загадувачи

Стории

Нема кривична одговорност за големите загадувачи на животната средина и сите пријави од инспекциските служби завршуваат со мала казна или опомена. Екологистите од Граѓанскиот инспекциски совет алармираат дека системот за заштита на екологијата не функционира и бараат измени во Законот за инспекциски надзор во животната средина.

Како што истакнаа предлозите предвидуваат јасна цврста структура за координација помеѓу државните и локалните инспектори на целата територија на државата, координирани од ДИЖС, како и формална соработка со други институции и служби на државно и локално ниво.

Сакаме да се поправат неколку сегменти во овие амандмани првенствено, да се прецизира координацијата помеѓу државните и локалните  инспектори затоа што тој сегмент што го баравме е прифатен и од тоа сме задоволни, меѓутоа не е доволно јасно формулирана струкктурата, таа структура на координација помеѓу државни инспектори и локални треба да биде конзистентна и логична и затоа се потребни амандмани во таа смисла предлагаме и амандмани во делот на надзорот затоа што логично е оној што ја прави киоординацијата а тоа е државниот инспекторат за животна средина тој да го врши надзорот, истакна Лилјана Поповска, од Зелен институт и координаторка на ГИС.

Во делот на казнивоста, активистите сметаат дека е потребно да се формираат посебни одделенија во судовите, за државата да се справува со еколошки криминал, а во делот на работата на инспекторите апелираат да им се обезбеди соодветна опрема и да бидат подостапни за граѓаните.

Најчесто сите овие пријави кои доаѓаат од страна на инспекциските служби завршуват со минорни парични казни, односно со опомени така да немаме некоја конкретна кривична постапка која завршува, нели, во корист на животната средина. Досегашната пракса укажува на заштита на крупниот капитал од страна на судовите и сметаме дека во иднина треба значителен напредок во оваа сфера, на пример преку едукација на судиите и јавните обвинители. Меѓутоа можеби и преку формирање на специјални одделенија во рамки на основините судови кои што ќе се занимаваат со еколошкиот криминал, потенцира Кирил Ристовски, од ЦЕД Флорозон.

Прилогот е оригинално објавен на ТВ Телма.

Оригинално објавено на:

ТВ Телма

Датум

11 февруари 2022