РЖ Услуги, која ги снабдува со вода индустриските објекти во старата скопска Железара, плаќа пет пати поефтина цена од останатите стопански субјекти во Скопје и двојно помалку од едно скопско домаќинство. А станува збор за истата вода која скопјани ја користат за пиење од изворот Рашче. Од РЖ Услуги молчат дали имаат друго решение за обезбедување вода за производствениот процес, а Градот Скопје ја толерира оваа компанија.