Не се плашат ниту од дожд ниту од умор за да уживаат во рајската природа. Ги однесовме младите извидници од Првиот скопски извиднички одред на изворите на Бабуна. Два дена дружење, групни игри, стекнување вештини и учење. Погледнете колку беа воодушевени и какви силни пораки испратија да не се загадуваат водите и природата. А и ве предизвикуваме преку примерот на извидниците да размислите за вредностите кои вас ве носат низ животот!