Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Ќе ги прифатат ли пратениците амандманите на Граѓанскиот инспекциски совет?

Стории

Достапност на инспекторите за викенди и вон работното време, надзор на Државниот инспекторат за животна средина врз локалните инспектори, координација меѓу инспекторите на државно и локално ниво како и поголема транспарентност – ова се барањата на 35 граѓански здруженија,а со цел да се подобри инспецискиот надзор кога станува збор за заштита на животната средина.

Предлог амандманите веќе се доставени до пратениците и се надеваат дека тие нема да останат глуви на барањата.

За пратениците од ВМРО-ДПМНЕ амандманите се прифатливи и суштински и очекуваат поддршка од сите политички партии.

Пратениците од СДСМ пак велат дека се уште ги разгледуваат предлог амандманите, а ќе бидат прифатливи оние кои ќе овозможат подобро регулирање на оваа област.

И покрај бројните обиди да стапиме во контакт, пратеникот од редовите на ДУИ Арбер Адеми кој е претседател на собраниската Комисија за европски прашања, не одговори дали ќе ги прифатат барањата на невладиниот сектор, ниту пак откри кога предлог законот за инспекцисни надзор во животната средина ќе се најде на дневен ред во комисијата.

 

Прилогот е ориигнално објавен на ТВ Сител.

Оригинално објавено на:

ТВ Сител

Датум

15 февруари 2022