Село Љуботен, општина Бутел е оддалечено 15 километри од главниот град. Сепак, нема чиста вода за пиење. Граѓаните одат на сред село да полнат вода. По пет литри вода на рамења носат овие две деца, кои имаат осум и десет години. По часовите од училиште секој ден доаѓаат до оваа чешма, затоа што водата од бунарите не е безбедна за пиење.
„Во недостиг на вода за пиење во домовите жителите на село Љуботен доаѓаат на оваа чешма да полнат вода за пиење“, вели репортерката на ТВ21.
Осман Ибрахими со семејството секојдневно полни по 50 литри за домашна употреба.
„Доаѓаме тука да полниме вода затоа што водата не е чиста во домовите. Тука е чиста и доаѓаме да полниме. Околу 50 литри вода трошиме на ден. Водата ја употребуваме за јадење, чај и са сите потреби. Освен за за туширање ја користиме водата од водовод иако не е чиста“, посочи Осман Ибрахими.
Рахит е од Сингелиќ. Тој дошол заедно со сопругата да наполни вода на селската чешма, затоа што како што вели и кај нив водата е загадена.
„Мораме да доаѓаме да полниме вода. Водата тука е подобра. Колку литри полните? Околу 300 литри. Дали ви е тешко? Па како не е. Имаме дополнителна обврска. Наместо да имаме вода секој ден, принудени сме да полниме вода“, истакна Рашит Јашари.
Дека Љуботен ќе има вода за пиење вети актуелниот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски пред да стане прв човек на општината во 2017. Но, речиси четири години по оваа изјава ветувањето се уште не е реализирано.
„Во 2018 ќе има вода во Љуботен“, рече Велимир Смилевски.
Откако стана градоначалник, вели дека проблемот е комплексен затоа што се населуваат многу жители во ова село.
„Тоа е поголем проблем затоа што селото почна премногу да се шири. Многу луѓе се вратија во Љуботен и да градат свои куќи. Селото стана веќе со 3 илјади луѓе а капацитетот на селскиот водовод е за помалце од 1000 луѓе и затоа тоа претставува проблем“, порача Велимир Смилевски.
Смилевски ветува дека за два месеци ќе се почне со копање на бунари и конечно решавање на проблемот со водоснабдувањето на жителите на Љуботен.
„Се надевам дека со идејата за разработка на еден елаборат со кој ќе успееме да ги најдеме подземните води и да ископаме бунари каде ќе се дополнуваат резерварите кои што се на селата“, додава Смилевски.
Според Институтот за јавно здравје во земјава 3% од градовите и 23% од руралните средини немаат пристап до чиста вода.