Меѓу повеќето загадувачи на водите во земјата се ископите на нанослив материјал. Подолг временски период сме сведоци на ископите на камен, песок и чакал од коритата на реките. Иако во Законот за води постои забрана за ископување на камен песок и чакал од коритата и бреговите на површинските води, се изнаоѓаат начини за изигрување на забраната. Ископувањето на овие материјали најчесто се извршува со дозвола за заштита на ерозивни подрачја, или за уредување на коритото на реките. При ископувањето на материјали од коритото и бреговите на реките најчесто не се внимава дали тоа ќе доведе до заматување и загадување на водите, или пак до поплави и уништување на земјоделското земјиште.
Сторијата е оригинално објавена на ТВ Здравкин.