Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Заев се соочува со нереализираните ветувања, 72 улици во Шуто Оризари се уште имаат азбест цевки

Стории

За разлика од другите општини, во Шуто Оризари се уште се потребуваат најмногу азбест цевките.

Во посета, денеска беше и премиерот Зоран Заев, кој во 2018 година вети отстранување на азбест цевките. Вели дека парите се обезбедени, 100 милиони евра за нова канализација и водовод.

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш вели дека околу 5 км улици се со азбест цевки, кои треба да се заменат.

Азбестот е матерјал кој го има во водоводни цевки и одамна е забранет во нашата земја поради тоа што е штетен за здравјето на граѓаните. Но, во неколку населени места сѐ уште се користат вакви водоводни цевки.

Според Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“, 7.5% од системот на цевки е од салонит. Од таму додаваат дека во нивната програма за инвестирање, секоја година се издвојува одредена сума финансиски средства кои се користат за реконструкција и замена на азбест-цементни водоводни цевки.

 

Сторијата е оригинално објавена на ТВ21.

Оригинално објавено на:

ТВ21

Датум

26 јули 2021