Рудникот Бучим ја загадува водата за пиење и наводнување во околните села, се жалат жителите. Менаџерскиот тим тврди дека применува меѓународни еколошки стандарди. Екологистите, пак, предупредуваат дека загадувањето продолжува и откако рудниците ќе престанат да работат и бараат локалното население да биде вклучено во одлуките за доделување концесии за ископ на минерални суровини.