Граѓаните ќе пријавуваат загадувања, инспекторите на потег
1 февруари 2021
Граѓаните можат да пријавуваат загадување брзо и лесно – преку Фејсбук, мејл, веб страници. А инспекторите ќе реагираат директно по нивните пријави. Бевме со инспекторите на терен. И многу работа, и многу пропусти – ги нема доволно, немаат заштитна опрема, се соочуваат со закани, нема доволно координација со другите државни органи. За инспекцискиот надзор врз искористувањето на природните ресурси на државата, гледајте во емисијата „Разбистри сѐ“.
ТВ емисијата на албански јазик можете да ја најдете овде.