Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Неразумно се троши питката вода за пиење

Питката вода за пиење неконтролирано се троши и од компании, и од институции и од граѓаните на Скопје. Индустриски објекти користат вода колку жителите на неколку општини во градот. Се прскаат тревници, се наводнуваат бавчи, се приклучува на диво на водоводната мрежа. Водоснабдителниот систем на главниот град е проектиран за 400 илјади жители, а опслужува речиси милион луѓе. Изворот Рашче повеќе не може да го издржи притисокот од неразумното користење на водата. Гледајте во емисијата „Разбистри сè“.

Емисијата е достапна на албански јазик на линкот.

Сподели