Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Промо: Можен ли е поамбициозен придонес за заштита на животната средина?

Спора владина реакција за климатска акција. Владата се залага за амбициозно зелено сценарио, а нема закон ниту мерки за прилагодување на ранливите сектори кон климатските промени. Имаме ли капацитет и пари да ги заштитиме земјоделството, шумите, водите од екстремните временски услови? Државите се подготвуваат за годинашната Конференција за климатски промени – COP26 во Глазгов. Може ли да се очекува дека ќе се обврзат за поамбициозен придонес за заштита на животната средина? Гледајте во „Разбистри сè“ во понеделник во 17:45 часот на МТВ1 и во живо на Фејсбук каналот на Институтот за комуникациски студии.

Сподели