Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Јавна расправа за нацрт-законот за водите

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) пристапи кон измени и дополнувања на Законот за водите заради полесно и поефикасно спроведување на одредбите во законот, дополнување на постапките за издавање на дозволите за користење на водно право, промена на постапката за заштита и подобрување на режимот на водите со вадење на песок, чакал и камен од коритата и бреговите на површинските водни тела и обезбедување на поголема транспарентност на постапката за доделување на концесии за користење на вода. Предложените измени и дополнувања на Законот за водите имаат за цел да обезбедат заштита, зачувување и подобрување на водните ресурси преку рационално и одржливо користење на водите, кое ќе се обезбеди со јасно дефинирани постапки за користење на водите, испуштање во водите и заштита на режимот на водите.

Јавната расправа во врска со Нацрт-законот за водите ќе се организира во среда (2 март 2022 г.) во 15:00 часот во Клубот на пратениците.

На јавната расправа ќе присуствува министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и претставници на Министерството.

Oние кои не се во можност да присуствуваат, ќе можат да се вклучат преку платформата Зум:
https://us06web.zoom.us/j/84456040134?pwd=aGJjekFMcFBjc1BmSGdKbWZiWE9WQT09
Meeting ID: 844 5604 0134
Passcode: 123667

Законот за изменување и дополнување на Законот за водите е достапен за коментари/ забелешки од 14 февруари до 15 март 2022 година на Единствениот национален електронски регистар на прописи ЕНЕР на ОВОЈ ЛИНК и на веб страницата на МЖСПП.

Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите:
Министерство за животна средина и просторно планирање
Плоштад Пресвета Богородица бр.3, Скопје
email:

Одговорни лица за контакт во Министерството:
Илбер Мирта и Мелита Гочевска, Сектор за води, Управа за животна средина / МЖСПП – ;

Заради поголема вклученост на јавноста и поголем степен на транспарентност, јавната расправа е организирана со поддршка на кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“, која ја спроведува Институтот за комуникациски студии.

Сподели