Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Онлајн предавање „Како да се спречи загадувањето од рудниците?“

Младински образовен форум, во соработка со Институтот за комуникациски студии како дел од кампањата „Разбистри сѐ“, Ве покануваат на отвореното онлајн предавање „Како да се спречи загадувањето од рудниците?“, кое ќе се одржи во четврток (18.03) во 18:00 часот на Zoom.

На предавањето Јаков Тушевски, студент по биологија и Дарио Стојановски, студент по географија, ќе зборуваат за распространетоста на минералните суровини во Македонија, за нивното искористување и последиците од рудниците врз почвата, водата, биодиверзитетот и населението. Предавачите ќе ни ги претстават придобивките од рудниците наспроти краткотрајните и долгорочните последици. Исто така, ќе не запознаат со можните решенија за спречување и намалување на загадувањето предизвикано од рудниците.

Настанот се организира како дел од серијата онлајн предавања за заштита на животната средина што ги одржува Младинскиот образоване форум (МОФ). Кампањата „Разбистри сè“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансиски поддржана од Британската амбасада.

 

Лице за контакт:

Бисера Самарџиева, МОФ – ; 076 474 887

Сподели