Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Граѓанскиот инспекциски совет ќе одржи отворен состанок

Граѓанскиот инспекциски совет (ГИС) на 22 април 2021 година, со почеток во 11 часот, ќе одржи состанок во целосен состав, кој е отворен за јавноста и медиумите. Состанокот ќе се одржи на платформата Зум: https://us02web.zoom.us/j/87495931149

На состанокот ќе биде реферирано за тековните активности и иницијативи на ГИС, во насока на поефикасен инспекциски надзор. Реферирањето ќе го направат координаторите на работните групи на ГИС, а на состанокот ќе присуствува и директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска.

Во периодот од 9. до 16. април 2021 година беа одржани основачки состаноци на четири тематски работни групи: за законот за инспекција во животната средина, за отпад и депонии, за води и за природа.

На сите присуствуваше и Ана Петровска, како директорка на Државниот инспекторат за животна средина, а на групите за води и за природа, соодветно, државните инспектори Лидија Зафировска и Хасан Рустеми. Секоја група си постави приоритети за работа во следниот период, тргнувајќи од ургентноста на проблемите и својата експертиза, а беа избрани и координатори и заменици координатори. Во текот на оваа недела следи формирање на работната група за индустриско загадување.

Го повторуваме повикот за приклучување на заинтересирани организации, кои имаат експертиза и искуство во борбата за почиста животна средина, со обраќање до Институтот за комуникациски студии  или до Зелен институт.

Сподели