Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање

Помалку хидроцентрали, a повеќе пречистителни станици предлагаат средношколците за спас на водите во Брегалничкиот регион

Учениците во средните училишта од Брегалничкиот регион ги кажаа своите идеи и размислувања за одржување на водните резерви. Најдобрите решенија добија и награди. Признанијата им се доделија во Едукативниот центар за зачувување на природата Негрево. Средношколскиот натпревар „Водните ресурси во моето место на живеење: минато, сегашност, иднина“, што го организираше Здружението на граѓани Еко Логик во соработка со Институтот за комуникациски студии e дел од кампањата „Разбистри сè“.

Сподели