Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Презентација на платформата за пријавување загадување до Државниот инспекторат за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина, во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“, ве покануваат на прес конференција во понеделник (1.2.) во 11 часот на покривот на Палата „Емануел Чучков“ (ул. „Павел Шатев“, бр.2).

На настанот ќе биде презентирана онлајн платформата за пријавување загадување од страна на граѓаните до Државниот инспекторат за животна средина. Платформата овозможува пријавите кои ќе пристигнуваат од граѓаните по различни електронски канали (Фејсбук, е-адреси, веб страници) да стигнуваат на едно место и да бидат лесно проследувани до надлежните инспектори кои ќе реагираат директно на терен.

На прес конференцијата ќе зборува в.д. директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска.

Ве покануваме да го проследите настанот.

 

Лице за контакт :
Виолета Георгиевска, Државен инспекторат за животна средина – ; 072 677 886

Сподели