Не се пронајдени објави.
Македонскиот образовен форум со цел да ги едуцира младите за нивната улога во заштитата на животната средина и да ги поттикне активно да се вклучат во јавната дебата ќе организира 4 тематски предавања, една младинска радио дискусија и тродневен дебатен турнир.
Идејата на дебатниот турнир е да се отвори јавна дискусија за улогата на младите во зачувувањето на животната средина.
Завршени активности
МОФ организираше 4 младински онлајн предавања на следните теми:
- Природен тек или човеково влијание: Како да се спаси Преспанско Езеро? – одржано на 18.02.2021
- Охридско Езеро – како да се заштити – одржано на 25.02.2021
- Како да се спречи загадувањето од рудниците? – одржано на 18.03.2021
- Шар Планина: национален парк или национална мета? – одржано на 23.03.2020
На 25 март на Радио МОФ беше емитувана младинската радио дискусија „Развиеноста на еколошката свест кај младите“ на која се разговараше за развиеноста на еколошката свест кај младите, како може секој како индивидуа да придонесе за заштита на животната средина, на кој начин може училиштата и граѓанските организации да го поттикнат екоактивизмот кај младите итн.
Активности: организирање 4 тематски предавања, една јавна дискусија и тридневен дебатен турнир
Период: февруари – март (4 тематски предавања и 1 јавна дискусија)