Промо: Приказната за „Разбистри сè“
8 април 2022
За загадените реки и езера, штетите од малите хидроцентрали и рудниците, слабите инспекции во животната средина, но и за битките за подобрување на законите. Гледајте го документарецот кој ја раскажува приказната за кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“. Во вторник во 19 часот на Фејсбук каналот на Институтот за комуникациски студии, за промените кои успеавме да ги направиме и за проблемите за кои ќе продолжиме да притискаме.