Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Стории

Грубо спречена суштинска дебата во Собранието

Последниот обид во комисијата за европски прашања да се замолчи експертската јавност покажува дека и покрај декларативните фалби за партиципативност, јавноста се третира повеќе како набљудувач наместо како активен учесник во работата на комисиите.

Ставање ред во користењето на реките и езерата најавува Министерството за животна средина

Со новиот Закон за водите треба да се спречи прекумерното ископување на песок од реките и езерата, да се вклучат локалните жители во доделувањето на концесиите и да се засили инспекциски надзор, уверуваат од Министерството за животна средина.

Измените на законот за инспекциски надзор во животната средина идната недела во собраниска процедура

Граѓанските здруженија кои се надеваат дека пратениците нема да останат глуви на нивните предлози, а со цел да се заштити животната средина, бараат достапност на инспекторите за викенди и вон работното време, надзор на Државниот инспекторат за животна средина врз локалните инспектори, координација меѓу инспекторите на државно и локално ниво како и поголема транспарентност.

Концесии за минерални суровини се одземаат, ама тешко оди наплатата на парите

Зајакнати се контролните надзори врз концесионерите на минерални суровини, уверуваат од Министерството за економија. Сепак, признаваат дека недостигаат инспектори, пари и опрема, за да бидат контролирани сите концесии.

Ќе ги прифатат ли пратениците амандманите на Граѓанскиот инспекциски совет?

Достапност на инспекторите за викенди и вон работното време, надзор на Државниот инспекторат за животна средина врз локалните инспектори, координација меѓу инспекторите на државно и локално ниво како и поголема транспарентност - ова се барањата на 35 граѓански здруженија,а со цел да се подобри инспецискиот надзор кога станува збор за заштита на животната средина.

Еко-активистите бараат подобар закон за инспекција против загадувањето

Државните и локалните инспектори подобро да се координираат меѓусебно. Да добијат опрема, поефективно да го планираат инспекцискиот надзор, но и да се реши хроничниот проблем на немање инспектор после работно време и за викенди, со цел поефектино да се решава и загадувањето во Македонија. 

Екологистите бараат измени во Законот за инспекциски надзор во животната средина и високи казни за големите загадувачи

Нема кривична одговорност за големите загадувачи на животната средина и сите пријави од инспекциските служби завршуваат со мала казна или опомена. Екологистите од Граѓанскиот инспекциски совет алармираат дека системот за заштита на екологијата не функционира и бараат измени во Законот за инспекциски надзор во животната средина.

За визија за животната средина в очи да им се погледне на проблемите

За да се има визија за животната средина, треба да се има план, а за да се има план, треба в очи да им се погледне на проблемите и да се бара решение. Алијансата „Разбистри сѐ“ ги изнесе јавно сите маки во животната средина пред Претседателот Пендаровски, кој го води процесот за изработка на Рамка за развој #МКД2030.