Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Можна е промена на проблемите во сенка: Приказна за кампањата „Разбистри сè“

Стории

Промена во државата е можна ако граѓаните се активираат и здружуваат и ако ја креваат свеста за темите кои стојат во сенка, а се важни.

Во краткиот документарец за „Разбистри се’“, ги пренесуваме промените кои настанаа со оваа кампања, но и ги прикажуваме проблемите кои сè уште постојат во врска со занемарувањето на водите и неефективниот инспекциски надзор во животната средина.

Преку неколкумина од 85 членки на Алијансата „Разбистри сè“, го раскажуваме големиот успех со повлечениот штетен Закон за минерални суровини од скратена собраниска постапка и вклучувањето во работните групи за новиот закон, учеството во изработката на Законот за водите уште во најраната фаза, но и битката за измени на Законот за инспекциски надзор во животната средина.

А голема благодарност изразуваме до сите граѓански организации и иницијативи, факултети, медиуми и јавни институции за поддршката и придонесот во кампањата „Разбистри сè“.

Датум

12 април 2022