1.7 милијарди евра се потребни за прочистување на урбаните води и обезбедување на вода за пиење согласно ЕУ законодавството
8 март 2021
Потребна е свест на политичко ниво, затоа што огромните инвестиции за третман на урбаните води и за обезбедување вода за пиење не треба да биде спроведена само од Министерството за животна средина. Политиката на животна средина мора да биде приоритет на ниво на Влада, изјави Јадранка Иванова, долгогодишна експертка во областа на води, на конференцијата „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Северна Македонија“.