Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Ања Јованова: Природата има голем капацитет за регенерација, но не и бесконечен

Природата има голем капацитет за регенерација, но не и бесконечен. Последиците од овогодишното неодржливо користење на природните ресурси во земјава се видливи на секој чекор. Соголени шуми од бесправна сеча, уништени речни корита и езера поради вадење песок и чакал, планини осакатени од каменоломи, локално население без пристап до вода поради хидроцентрали итн. Навистина е крајно време да се притиснат носителите на одлуки да почнат да ги спроведуваат теоретските заложби за одржлив развој. Информирани и едуцирани граѓани кои ги користат своите законски права имаат голема моќ да влијаат врз институциите и да ја изменат сегашната тажна слика за природните ресурси во земјава.

Ања Јованова
Фронт 21/42

Сподели