Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Бојан Трпевски: Законите и мерките мора да се надградуваат за да ја заштитат природата

Правото е општествена категорија која мора да ги следи развојот и промените во општеството. Промените во животната средина, вклучувајќи го управувањето со ограничените природни ресурси, се случуваат секојдневно. Токму затоа носењето на информирани одлуки, унапредувањето на законите врз основа на анализи и креирањето навремени, соодветни, применливи мерки е важно за правна заштита на животната средина. Улогата на инспекторатите е особено важна алка во целиот овој процес поради тоа што тие вршат надзор над примената на правото во оваа област. Подигнувањето на јавната свест за правната заштита на животната средина и управувањето со ограничените природни ресурси, меѓу кои и водата, е особено важно за хармонично функционирање на овој систем.

Бојан Трпевски
Македонско здружени на млади правници

Сподели