Да се забрани ископ на песок и камен од реките и езерата
24 август 2021
Да се забрани ископување на песок и камен од реките и езерата, освен кога е од јавен интерес за уредување на водотеците и заштита од поплави. Ископаниот материјал да се користи за брани и изградба на стратешки државни објекти или да се продава на регулирани депонии по претходно утврдена цена.