Давор Перчан, Европска комисија: Инвестирањето во водните ресурси да биде дел од владината економска политика
8 март 2021
Може да изградиме пречистителни станици, може да помогнеме со огромните инфраструктурни инвестиции, но ако не се покриени трошоците за работа и одржување, тогаш инвестициите ќе бидат со краток рок, изјави Давор Перчан од Директоратот за животна средина на Европската комисија на конференцијата „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Северна Македонија“.