Галовеј: Актуелниот мониторинг на водите во Северна Македонија е несоодветен
8 март 2021
Актуелниот мониторинг на квалитетот и квантитетот на водата во Северна Македонија е несоодветен за да се даде реална слика за моменталната состојба на водните ресурси. Недостасуваат програми за мониторинг и картографски прикажувања во согласност со барањата на Законот за води, финансиските и човечките ресурси не се доволни, состојбата на државните мерни станици е лоша и не се исполнуваат внатрешните обврски за мониторинг.
– Н.Е. Рејчел Галовеј, амбасадорка на Велика Британија во Република Северна Македонија