Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Марко Трошановски: Неодговорното уништување на природните ресурси е највисока форма на корупција

Експлоатацијата и неодговорното уништување на природните ресурси е највисоката форма на корупција за чиешто санирање треба многу пари и многу време, а штетите по здравјето и животот на граѓаните на нашата земја се огромни и долгорочни. Институциите имаат за цел, и смислата за нивното постоење, а тука вклучително и на инспекторатите, е да гарантираат дека правилата се почитуваат од страна на сите актери во општеството, особено од страна на бизнисите и граѓаните. Неодговорна експлоатација на природни ресурси ќе нè чини нас сите многу и затоа компетентни инспектори кои што професионално ја вршат својата работа ги гарантираат правилата на игра се за доброто за сите нас, и тука Институтот безусловно дава поддршка и е посветен во својата работа.

Марко Трошановски
Институт за демократија „Социетас Цивилис“

Сподели