Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Невена Георгиевска: Да реагираме навремено, а не откако ќе ги видиме штетните последници

Во услови во кои живееме, на загаден воздух, почва, води кои ни исчезнуваат од нашите езера, зошто е потребно да реагираме со време? Значи, ние реагираме откако ќе ги видиме последиците од нашето неделување. Летоска бевме соочени со намалување на водостојот на многу наши езера. Што се случувало во позадина и зошто е тоа така, потребно е реакции да се види каде целиот систем не реагирал соодветно. Значи потребна е соодветна инспекција, ефикасна инспекција, потребни се добра законска регулатива и нејзино имплементирање на терен. А онаму каде што нема добри или соодветни мерки да се предочи тоа до институциите и до оние кои носат одлуки, со време тие да се исправат за да имаме подолгорочна стратегија на заштита на она што го имаме. Затоа што сите оние ресурси кои ние сега ги поседуваме не се само за нас во моментов, туку се и за идните наши генерации. Треба да имаме соодветни реакции, соодветен систем и добра имплементација за да живееме во поздрава и почиста животна средина.

Невена Георгиевска
О2 иницијатива

Сподели