
Невена Георгиевска, О2 Иницијатива
10 јануари 2021

Испразнети езера, искасапени шуми, уништена природа – не сакаме да бидеме неми набљудувачи на овие појави. Сакаме да иницираме законски измени и нивна имплементација на терен, точно дефинирани надлежности и одговорности за состојбите, со притисок врз институциите и лобирање во Собранието преку Интерпартиската парламентарна група за заштитата на природата.
Невена Георгиевска
О2 Иницијатива