
Пендаровски: Институциите со години немаат реални податоци за квалитетот и квантитетот на водата
8 март 2021

Поради наталожените системски недостатоци, надлежните институции со години наназад немаат реален увид во квалитетот и квантитетот на водите во Северна Македонија. Не се знае точно со колку површинска и подземна вода располагаме. Не се знае колку вода се црпи и испушта за наводнување и одвод, а без јасни податоци, тешко е да се носат долгорочни одржливи политики и регулативи.
– Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија