Професор Крстиќ: Реките во поголем дел од нивните текови се мртви екосистеми
8 март 2021
Кај нашиот народ постои едно уверување дека ако се испушти некаква материја во некаков речен систем, таа исчезнува, се одлива, ја снемува, но тоа не може да биде подалеку од вистината. Вистината е дека таа материја драстично влијае како на биодиверзитетот, така на животната средина, изјави професорот Светислав Кратиќ од Институтот за биологија на конференцијата „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Северна Македонија“.