Законот за водоснабдување посочува дека граѓаните мора да платат дури и за неквалитетна вода
25 јануари 2022
Законот за водоснабдување посочува дека граѓаните мора да ја платат сметката за вода, иако водата за пиење не е квалитетна или не се задоволни од нејзиниот квалитет. Тоа им овозможува на јавните комунални претпријатија да доставуваат неквалитетна вода за пиење, а да се смета дека сепак ја оствариле својата обврска кон корисниците.