Индустриската депонија на поранешниот државен комбинат Југохром сè уште не е отстранета. Пожолтени води се слеваат во Вардар, во нивите се измерени тешки метали, а опасност демне и за изворот Рашче кој со вода го снабдува Скопје, алармираат селаните и екоактивистите. Од Инспекторатот за животна средина уверуваат дека депонијата не претставува опасност за Вардар и изворот Рашче.