Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Анска река, на изворот бистра, на виливот во Вардар црнила

Стории

Анска Река е лева притока на реката Вардар на јужниот дел на Македонија. Името Анска Река доаѓа поради тоа што на нејзиниот тек, во 18 и 19 век имало повеќе анови кои служеле за одмор на караваните кои патувале за Солун и Струмица. Постојат шпекулации дека во реката има злато, но до сега не се евидентирани научни истражувања за постоењето на овој метал. Но, при нашата посета утврдивме дека во оваа река има од сè по нешто, од пластика до фекалии, а за злато да не правиме муабет.

Нејзиното корито е регулирано 1958 година како резултат на проблемите кои ги создавала при поголем протек врз земјоделските култури. По извршената регулација биле создадени услови за максимално искористување на нејзините води за наводнување на земјоделските површини.

Директорот на Вардарска долина, Ристо Ѓуров, вели дека не ја користат Анска Река за наводнување, туку се зафаќа вода со пумпи од Река Вардар. Не смеат да се користат водите од Анска Река, а со нивното навлегување во Вардар се загадуваат подземните води и земјоделските култури. За жал, Анска Река сега се користи како колекторски систем за фекална канализација и индустриски води.

 

Прилогот е оригинално објавен на ТВ Нова 12.

Оригинално објавено на:

ТВ Нова 12

Датум

12 јули 2021