Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси
apsurdi-tri-godini-se-podgotvuval-terenot-za-hidrocentrala-featured

Апсурди: Три години се подготвувал теренот за хидроцентрала, а кочанчани и Општината разбрале по анонимен повик

Стории

Дека некогаш се одржала јавна расправа не се сеќава Сашко Стефановски, кој веќе седум години, односно втор мандат, е член на Советот на Општина Кочани и актуелен претседател на Комисијата за комунални работи, просторно планирање и заштита на животната средина.

Во близина на вештачката акумулација Гратче кај Кочани веќе подготвува теренот за изградба на градежниот објект од мини хидроцентралата на Мала Река, притока на акумулацијата, додека полека се загрева граѓанскиот отпор против централата. Всушност, исечените тополи и багреми го кренаа алармот кај граѓанските активисти, со барање Општината Кочани да не го издава последниот документ што му преостанува на инвеститорот, скопската компанија „ДИС Енергија“, а тоа е градежната дозвола. Општината на крај, по обезбедување на целокупната документација од компанијата инвеститор, по сила на законот ќе мора да ја издаде градежната дозвола, а со тоа и официјално почнат работите на изградбата на градежниот објект и поставување на цевководот во Осоговските планини, кои од крајот на минатата година се во постапка за прогласување на заштитено подрачје. Ова е еден од главните аргументи на граѓаните, но најважниот за нив е дека не биле прашани, односно, дека никаде нема документ за одржана јавна расправа, на кој ќе се чуе мислењето на пошироката јавност, што е пак еден од условите за добивање на документите за мини хидроцентралата. Локалната власт и и граѓаните се едносгласни дека јавна расправа никогаш не се одржала. Во вкупните документи општината има потврда дека бил објавен јавен оглас за одржување на јавна расправа, но не и доказ дека навистина се одржала.

 

Целосната сторија погледнете ја на ММС.мк.

Оригинално објавена на:

ММС.мк

Датум

8 февруари 2021