Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси
Бистра и чиста, вода достапна за сите: Проблеми и перцепции на граѓаните

Бистра и чиста, вода достапна за сите: проблеми и перцепции на граѓаните

Почест мониторинг на квалитетот на водата за пиење, населението директно да се информира за резултатите од мерењата и да се обезбеди еднаков пристап до вода за пиење за сите граѓани во државата преку инвестиции во нова и одржување на постојната инфраструктура. За поефективна контрола и санкционирање на загадувачите потребен е редовен инспекциски надзор, како и подобра едукација на граѓаните за заштита на водите од најмала возраст.
Овој извештај се темели на ставовите на учесниците на „Достапна и чиста вода за сите“, дискусија со граѓани одржана на 18ти октомври 2021 година. Настанот е организирани од страна на Институтот за европска политика во рамки на кампањата „Разбистри сè“ на Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Алијансата за застапување и лобирање.