Бунарите Лепенец-Нерези се наоѓаат во првата заштитна зона, но зоната не е оградена и се полни со отпад. На терен снимивме камиони кои слободно го трупаат брегот на реката Лепенец со купишта ѓубре и градежен шут. Не се решава ниту проблемот со Вардариште. Исцедокот од депонијата загадува и после седум години од нејзиното затворање.