Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Државата ја губи битката со климатските промени

Стории

Цели езера ни снемува пред очи, а алармот на државата доцни. Езерото Козјак е создадено 2004 година тоа е најголемо вештачко езеро во државата. Своевремено езерото било длабоко и до 130 метри а долго 32 км. Оваа водна површина е сместена во падините на планините Сува Гора и резерватот Јасен. Луѓето го паметат како едно од најимпресивните езера но сега е во загрижувачки лоша состојба. Ретко кој знае дека ова е едно од најбогатите места со голем број ендемски видови на флора и фауна која полека изумира.

Проблемот смета дека е во необразованоста, надлежните не се свесни за последиците. Малку се знае дека во светот е во подем биодиверзитетот како туристичка гранка а ние не го цениме.

Движејќи се до езерото сликата станува се полоша. Жителите во последната година забележуваат како околу Јасен се прават сепарации, ископи и се уништува зеленилото.

Загрижувачка е состојбата со рибниот фонд во реката Белица која е десна притока на р. Треска. Во селото Белица жителите кои се занимаваат со рибарство и туризам вината ја гледаат во климатските промени и не грижата од државата.

Секоја година светската метеоролошка организација дава извештај за температурните разлики. Последниот покажува дека се соочуваме со позачестени суши а просечните температури во следниот период може да се зголемат од 1ипол до 5 степени. Според експертите прва на удар се водните ресурси.

Во нашата обиколка на езерото не останавме рамнодушни на отпадот кој буквално беше распостранет долж целиот пат.

 

Сторијата е оригинално објавена на ТВ Сител.

Оригинално објавена на:

ТВ Сител

Датум

7 февруари 2021