Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Формиран граѓански инспекциски совет, заедно со државниот инспекторат ќе ги гонат загадувачите во Македонија

Стории

Граѓански инспекциски совет ќе дејствува заедно со државниот инспекторат за животна средина за да се подобри ефикасноста на терен и што е можно побрзо да се издејствуваат дологочекуваните законски измени но и екипирањата на инспекциските тимови и обезбедување на повеќе средства за непречено функционирање.

Инспекцискиот совет е составен од 26 граѓански организации и високообразовни институции и ќе има деветчлено координативно тело.

Според анализите на невалдините организации кои се бават со оваа проблематика, институциите и инспекторатите немаат капацитет да се справат брзо и ефикасно со проблемите на терен, недостасуваат инспектори но и средства и опрема.

Само за илустрација, во целата државата има само двајца инспектори за водостопанство.

Ана Петровска, директор на државниот инспекторат, смета дека еден од клучните проблеми се инспекциските надзори на локално ниво кои не се на задоволително ниво или пак воопшто ги нема и затоа тие мора да ја превземат нивната работа.

На светскиот ден на водата 22 март, тетолвци конечно добија нормализирано водоснабдување.

Дали мини хидроцентралите кои се градат во и околу Лешница се причина за проблемот и прекинот со водоснабдувањето инспекторатот допрва ќе утврдува.

Лабораторијата во склоп на министерството за екологија ги доби сите неопходни акредитации со што сега ќе може да ги анализира примероците на вода а во тек е и добивањето на акредитации за анализа на примероци воздух со што побрзо и поефикасно да се гонат загадувачите на животната средина.

Огнен Чанчаревиќ

Сторијата е оригинално објавена на ТВ Телма.

Оригинално објавено на:

ТВ Телма

Датум

22 март 2021