Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси
sitel-formiran-gis-featured

Граѓаните ќе им помагаат на инспекторите да ги најдат загадувачите

Стории

Граѓански инспекциски совет ќе им помага на инспекторите за животна средина во детектирање на загадувачите, но и ќе ја контролира нивната работа на терен. Во граѓанскиот инспекциски совет се вклучени вкупно 26 здруженија. Целта на соработката е да се подобри имплементацијата на законите, но и да се зголеми капацитетот на институциите заради побрзо и поефикасно пронаоѓање и санкционирање на загадувачите на животната средина.

Државниот инспекторат за животна средина ќе вработи уште 12 инспектори, покрај дваесетмината со кои располага во моментов.

Денеска се одбележува светскиот ден на водата, а податоците покажуваат дека кај нас се пречистуваат едвај 4% од вкупното количество отпадни води.

Државниот инспекторат апелира за подобра соработка со локалните власти, но дел од општините воопшто немаат овластен инспектор за животна средина, што дополнително ја отежнува борбата со загадувачите.

 

Сторијата е оригинално објавена на ТВ Сител.

Оригинално објавена на:

ТВ Сител

Датум

22 март 2021