Инспекциските служби без кадар и капацитет навремено да одговорат на терен. Ова го потврди постапувањето на надлежните државни органи кога минатата година се излеа мазут од фабриката „Благој Ѓорев“ во Вардар. Анализата на овој случај ги прикажува конкретните системски недостатоци во надзорот врз заштитата на животната средина.
Во наредните четири недели, ТВ Сител ќе прави реконструкции на случаи за загрозување на водните ресурси и неефективноста на инспекцискиот надзор врз основа на студиите кои Македонското здружение за млади правници ги изработи во рамките на кампањата Разбистри сè.