Водите од Дојранско, Тиквешко и Беровско Езеро се класифицираат во Класа 4, која се однесува на силно еутрофична, загадена вода, која во природна состојба може да се употребува за други намени само по одредена обработка. Ова го покажува мониторингот на квалитетот на водите од трите езера што во 2021 година го спроведе Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на кампањата „Разбистри сè“.