Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Каков е нашиот однос кон водата и колку ја имаме!

Стории

Дали цел ден со цревото си го прскаме дворот, тревата, околината во која што живееме? Некои ова го прават заради тоа што сметаат дека ќе се разладат, на други пак им станало навика постојано да се со цревото враце и да наводнуваат.

Но, грешиме, а притоа од една страна плаќаме повисоки сметки, но од друга страна не мислиме многу на иднината која ќе се судри со проблемот од недостаток на вода.

Анкетираните битолчани велат дека не се расфрлаат во водата, едно заради тоа што на први ќе стигнат повисоки сметки, а други заради тоа што сакаат да бидат рационални во троштењето.

Сега за сега Битола нема проблем со задоволување на потребите на граѓаните, индустријата и земјоделието со вода. На национално ниво добро котира, но не и во светски рамки.

„Можам да кажам дека Битола е еден од најсовесните градови во рамките на државата. Ако споредиме со европските градови или светските сме на некое незавидно ниво. Загубата на вода во битолскиот регион е околу 35% од произведената вода. Околу заштедата на водата како индивидуи, како луѓе немаме развиено некоја голема свест за да ја штедиме“ вели директорот на ЈКП „Водовод“ Битола, Горан Козаров.

Директорот на „Водовод“ вели дека стручните лица од запад кога доаѓаат и кога гледаат какви ресурси има земјата наша, се чуделе, а ние како што вели Козаров, многу малку вложуваме во тоа да ја зафатиме, да ја имаме и да ја насочиме мудро и паметно.

Вели дека кражбата на вода ја имало и ќе ја има. Но, додава дека загрижува, односно зачудува фактот што поголеми се кражбите од страна на правни лица и додава дека повеќе се краде во руралните, отколку во градските средини.

Што се однесува пак до загубите на вода во системот, вели дека последниот период има подобрување.

Со околу 500 километри водоводна мрежа снабдуваат три општини. Освен Битола, Новаци и Могила и едно село во прилепскиот регион. Испорачуваат вода во Мариово, а општина Прилеп ги плаќа обврските.

Квалитетот на водата е беспрекорен, вели тој, а тоа пак е еден од најголемите благодети кои го имаат битолчани и оние кои пијат битолска вода.

Се вел дека благодет за Битола и Пелагонија е Стрежевското езеро, односно акумулацијата. Со неа се снабдува индустријата ( најмногу за РЕК Битола), земјоделието и на располагање се става вода за потребите на битолски „Водовод“, во оној момент кога за тоа ќе има потреба.  Но, каква е состојбата со водниот потенцијал во време на горештини и сушен период?

„Ако гледаме наназад последните три години ќе видиме дека дотокот во акумулација од година во додина е се помалку. Можеме да кажиеме дека во 2019 година акумулацијата „Стрежево“ во месец јуни беше полна со 105 милиони метри кубни вода. Во 2020 година со 95 милиони, а оваа година некаде околу 90 милиони метри кубни вода. Ќе видиме дека временските услови си го прават своето и дека се помалку доток има во акумулацијата „Стрежево“ иако ние како институција максимално се трудиме да ги собереме сите дотоци од потпелистерието“ вели Менде Граматковски директор на ЈП „Стрежево“ Битола.

И тие имаат проблем со кражба на вода. Постојано апелираат до земјоделците максимално и рационално да ја трошат водата.

Фактот што сега немаме голем проблем со водата можеби прави и да е нашиот однос кон неа таков, каков што е, но сепак треба свеста да е на повисокло ниво и да го штедиме ова природно богатство, за да го имаме што подолго време, а ако мислиме и на индинте генерации, тогаш не треба како луѓе да сме себични.

„Со овој прилог, ТВ Тера се приклучува кон кампањата „Разбистри се`”, што ја спроведува Инситутот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје.”

Сторијата е оригинално објавена на tera.mk

Оригинално објавено на:

tera.mk

Датум

13 јули 2021