Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Канцерогениот шестовалентен хром од депонијата на Југохром опасност за изворот во Рашче

Стории


Опасниот отпад кој содржи шествалентен хром од депонијата на поранешната фабрика „Југохром“ се влева директно до Вардар. Од Министерството за животна средина потврдуваат дека отпадната вода се меша со кал и ја запушува пумпата што треба да ја префрли до пречистителната станица, па истекува во реката. Од Инспекторатот за животна средина велат дека немаат можност да интервенираат со надзор од кој би произлегле конкретни задолжувања и мерки. „Југохром“ претставува голема опасност за изворот Рашче и законите овозможуваат Инспекторатот да му наложи на Министерството да преземе конкретни активности за да спречи штета од загадувањето, велат правниците.

Ова е втората сторија со која ТВ Сител прави реконструкција на случаи на загрозувањето на водите и неефективноста на инспекцискиот надзор врз основа на студиите кои Македонското здружение за млади правници ги изработи во рамките на кампањата Разбистри сè.

Оригинално објавено на:

ТВ Сител

Датум

4 јули 2021