Лешница e долина на Шар Планина, која се наоѓа во средишниот дел, односно во градниот кош на Шар Планина. Уште нарекувана и срцето на Шара, оваа долина ја краси посебна местоположба и убавина. Низ неа поминува и најголемата тетовска река Пена која се спојува со Лешничка Река, а во далечината се гледа и највисоката точка на Шар Планина, Титов Врв. Се дели на Долна Лешница која е на 1450 метри надморска височина и Горна Лешница од 2221 метар надморска височина. Овој локалитет се одликува со алпски карактер,високи карпи, густа зимзелена и букова шума, како и со богата флора и фауна која може да се најде само на ова место. Од особено значење се шумските плодови како боровинки, малини и разни видови билки и растенија.
Во близина на Лешница, на патот за Кривошијскиот водопад, се наоѓа и Кривошијскиот слап, или популарно помеѓу луѓето познато како Кривошијски кади. Прекрасните водопади кои поради прекршувањето на светлината, џиновските лонци како и ехото од водопадите се предизвик за разладување за најхрабрите.