Зошто е важно да имаме развиена еколошка свест? Што можеме како индивидуалци, а што како колектив да направиме за заштита на животната средина? На кој начин училиштата може да придонесат за развивање на еколошката свет кај младите и поттикнување на екоактивизмот?
На првата младинска дискусија „Развиеноста на еколошката свест кај младите“ на овие прашања разговараа водителите Станиша и Елена со Насер Велиу, екоактивист од Environment youth organization (EYO), Миријана Шишкова, ученичка и Александра Илиева, професорка по француски јазик во СОУ ,,Св. Кирил и Методиј” – Неготино и активистка за зачувување на животната средина.
Со оваа дискусија Радио МОФ се приклучува кон кампањата „Разбистри сè“. Кампањата „Разбистри сè“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансиски поддржана од Британската амбасада.