Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

На кого останува борбата за климатска правда – на младата индивидуа или на младото општество?

Стории

Зошто се дозволи ситуацијата со климатските промени да стане алармната пред да се преземе нешто? Дали за ваквата состојба се виновни неодговорните одлуки на индивидуата или лошите одлуки и чекори на општеството во целост? Како може да придонесеме во борбата со климатските промени? Дали може индивидуалните активности да направат промена?

За овие прашања на втората младинска дискусија „На кого останува борбата за климатска правда – на младата индивидуа или на младото општество?“, разговараа водителките Ана Илиева и Калина Качоровска со еко-активистите и волонтери во „Go green“, Ева Стојчевска и Васил Ханџиски.

Со оваа дискусија Радио МОФ се приклучува кон кампањата „Разбистри сè“.  Кампањата „Разбистри сè“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансиски поддржана од Британската амбасада.

Датум

7 мај 2021