Кампања од јавен интерес за застапување и лобирање | Онлајн ресурси

Најзагадената река во Европа

Стории

Ова е устието на реката Ишми, кое се наоѓа во близина на ‘ртот Родон на Јадранското море.

Според податоците на „River Cleanup”, Ишми се смета за една од 1.000-те најзагадени реки на Земјата, која секоја година во морето внесува околу 700.000 килограми пластика како урбан отпад.

Плажата на Ишми е секогаш полна со пластика.

Сливот на оваа река го опфаќа населението од Тирана, како главен град на Албанија, како и населението од неколку други помали градови. Тирана сè уште нема интегриран систем за управување со урбаниот отпад. Не постои селектирање на отпадот на самиот извор. Процесот на рециклирање се прави во многу неформални услови. Комуналните служби за собирање отпад не се толку ефикасни во периферните населби а во некои села има недостаток на контејнери за отпад. Во таа смисла, голем дел од пластиката кој потекнува од градовите и од тамошната потрошувачка завршува во реката Ишми и во нејзините притоки, со што овие брегови се претвораат во „официјални депонии“ на урбан отпад.

Големата концентрација на тешки метали (Cd; Pb; NO2; Zn), главно поради неконтролираната индустриска активност по должината на бреговите, штетно влијае на биодиверзитетот во реката и го загрозува здравјето на жителите.

Поради физичките карактеристики на наклонот, реките во Албанија се брзи и со голема содржина на вода, што овозможува отпадот релативно брзо да патува кон морскиот брег. Целото ова загадување потоа се пренесува во други европски земји, како што се Црна Гора и Хрватска.

На фотографиите можете да видите дека недостатокот на контрола од страна на властите и лошото управување со урбаниот третман на отпадот доведува до еколошка катастрофа која ги загадува не само бреговите на Албанија туку и бреговите на другите балкански земји.

Уште полошо, присуството на пластиката се смета како нормална работа за рибарите и за многубројните посетители кои честопати го посетуваат до пред некое време чистото јадранско крајбрежје.

Отпад од сите форми.

Автор на текст и фотографија: Артан Рама (Албанија)

 

Сторијата е оригинално објавена на „Дома“

Оригинално објавена на:

Дома

Датум

23 ноември 2020