Данка Илијева од селото Зрновци секој ден искачува десетици литри вода на блискиот рид, каде што се наоѓа нејзината фарма со 60-тина кози. Таа ја одгледува стоката како од пред неколку векови бидејќи хидромелиоративниот систем Калиманци е сериозно оштетен, а во делови од Зрновци воопшто нема водоснабдителен систем.
Видеото е изработено како дел од активностите на Здружението за бизнис жени во рамките на кампањата “Разбистри сè”, која ја спроведува Институтот за комуникациски студии.