Хидролошката состојба на реките и природните и вештачките езера оваа година била катастрофална, а лош е и квалитетот на речиси една третина од водните тела кои ги мониторира УХМР. Отсега, граѓаните и инспекциските служби ќе имаат слободен, едноставен и редовен преглед на податоците за квалитетот на водите преку јавната дигитална мониторинг платформа на УХМР. Платформата е изработена во рамките на кампањата “Разбистри сè”.